Дали сте слушнале за АКУПРЕСУРА? Три минути масажа на овие точки го решава проблемот со главоболка и малаксаност

14 јануари, 20220
Masaza-stopala-2048x1365

Помага и при мигрена и забоболки

Акупресурата е метод на традиционалната кинеска медицина, притискање со прсти или помагала на одредени точки на телото со цел да се намали болката и да се решат други здравствени проблеми.

Според оваа метода, одредени делови од телото се поврзани, иако физички не се блиску еден до друг, па притисокот врз еден всушност масира друг дел од телото и ја ублажува болката.

Акупресурата всушност ги загрева деловите од телото кои се масираат, што има исклучително позитивни ефекти врз општата состојба на телото.

Со оглед на тоа што надвор е студено, а повеќето луѓе ја вршат својата работа секој ден во неправилна или седечка положба, акупресурата може да биде вистинскиот метод кој ја ублажува болката и напнатоста.

Овој метод наводно е ефикасен кога станува збор за главоболки и забоболки. Вратот во кој често чувствувате напнатост поради долгото седење, ќе ги почувствува и придобивките од масирање на една конкретна точка.

Тоа е точка која во акупресурата се нарекува точка GB20. Според експертите, ја релаксира целата област на рамената и вратот.

Покрај тоа, таа влијае на жолчното ќесе.

Оваа точка се наоѓа на врвот на тилот, веднаш под преминот помеѓу косата и кожата на вратот. Нежниот притисок на двете страни помага во ублажување на болката и опуштање.

Самиот притисок се чувствува низ целиот врат, во главата и во рамената, па затоа би вредело да го пробате овој метод.

Масажата треба да биде блага. Со два прста притиснете ги симетричните точки на местото што го спомнавме, со нежни кружни движења притискајќи благо. Доволно е масажата да трае три минути, по што се чувствуваат првите ефекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *