Да, и храната може да ве загрее: Намирници кои ќе ви ја подигнат телесната температура

20 ноември, 20220
Hladnoca

Зрната и јаткастите плодови се одличен избор

Бидејќи пониските температури полека доаѓаат, експертите истакнаа неколку работи кои можат да ви помогнат дополнително да се загреете.

Се работи за храна! И не било која, туку ова е список на намирници кои ја зголемуваат телесната температура:

Јаткасти плодови

Кикириките, бадемите и ф’стаците можат да го зголемат метаболизмот и телесната температура дури и пред да се затоплите во кревет. Исто така, овие јаткасти плодови содржат мелатонин, природен хормон кој ви помага да спиете подобро.

Житарици

Житариците обично се наменети за појадок, но експертите укажуваат дека треба да се консумираат и пред спиење, доколку сакате да го подобрите варењето и да го загреете телото.

Банани

Бананите, богати со витамин Б и магнезиум, се одговорни за нормалното функционирање на тироидната жлезда и надбубрежните жлезди, кои директно ја регулираат телесната температура.

Ѓумбир

Ѓумбирот е одличен за проширување на крвните садови, па тие се опуштаат, што придонесува за зголемен проток на крв што му помага на вашето тело да се загрее.

Моркови

Морковите предизвикуваат загревање на вашето тело поради потребата од повеќе енергија за време на варењето.

Сепак, постојат и намирници кои треба да ги избегнувате бидејќи ја намалуваат телесната температура преку хемиски реакции, како што се: лубеница, праски, портокали, целер и краставица. Зачинетата храна, исто така, треба да се избегнува бидејќи влијае на рецепторите на јазикот, па така нашето тело реагира со потење, а со тоа се лади. Кељот и зелката се уште една намирница што треба да ја избегнувате, особено пред спиење.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi