Додадете една состојка во водата и нема да бришете прашина со недели: Чини помалку од 100 денари

4 октомври, 20220
335ce309170d7ea81fd681b37932a64e2da4986a

Не е сода бикарбона, туку една друга магична состојка

Една состојка ќе направи чуда за чистењето. Само треба да ја додадете во водата и ако знаете како да ја употребите домот ќе ви биде чист. Тоа е ГЛИЦЕРИНОТ.

Чистење со глицерин:

Ослободете се од прашината на долг рок

За да го направите ова, додадете малку глицерин во сад со вода. Намокрете ја крпата со таа вода и избришете ги површините. Нема да видите прашина најмалку 10 дена. Овој метод на чистење се користи во музеите.

Блескаво чисти подови

За брзо и ефикасно чистење на валканите подови, само додадете неколку капки глицерин во кофа со вода.

Ги отстранува дамките од облеката

Ставете неколку капки глицерин на дамката и исплакнете сè со вода во која сте додале малку сол. За да отстраните дамка од чај, кафе или чоколадо, само направете мешавина од глицерин и сол, нанесете ја на дамката и измијте по половина час.

Правилно одржување на кожниот мебел

Ако сте го изгребале кожниот мебел, само избришете го со памучна крпа натопена во глицерин. Повторете ја постапката два до три пати.

Прозори

Измешајте глицерин и етил алкохол во сооднос 1:10 и со оваа смеса избришете ги прозорците.

Ниту прашината ниту нечистотијата нема да ја нарушат чистотата на вашите прозорци долго време.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *