Драма во домот на Здравко Чолиќ: Полицијата реагирала, а во се била вмешана неговата ќерка

20 јуни, 20220
zdravko-colic-2-830x0

На пејачот му исчезнале 20.000 евра од сефот

Неодамна се случила вистинска драма во домот на Здравко Чолиќ.

Имено, Уна Чолиќ тајно зела околу 20.000 евра од сефот на нејзиниот татко, за да му купи автомобил на своето момче, пишува „Курир“.

Кога пејачот видел дека му недостасува голема сума пари повикал полиција, па преплашената девојка признала се и ги вратила парите.

Дека наследничката на Чола, како и другите тинејџери, поминуваала низ различни фази и правела лудории, докажува и ситуацијата што му ја приредила на своето семејство. Таа е вљубена во своето момче, па сакала да го изненади со повеќе од вреден подарок.

Затоа пред неколку месеци од сефот на нејзиниот татко зела голема сума пари, се со цел да му купи нов автомобил на својот избраник. Веднаш штом ги зела парите, отишле во салонот за автомобили, каде ги погледнале моделите. За среќа, тој што им се допаднал го немало на залиха, па продавачите на кои им било сомнително од каде парите за нов автомобил на толку млади луѓе им рекле да почекаат, пишува „Курир“.

Во меѓувреме Чола забележал дека му недостасуваат многу пари од сефот, поради што повикал полиција која набрзо пристигнала во нивниот семеен дом. Сопругата Александра ги известила и нејзините ќерки кои не биле дома и им кажала дека имаат проблем и дека се ограбени, а службениците се таму.

Уна кога го слушнала тоа, се збунила и веднаш дошла во семејната вила, каде признала се. Според нашиот соговорник, девојката плачела и открила дека тајно ги земала парите, а потоа кажала и зошто. Таа им се извинила на родителите што им подготвила ваква непријатна ситуација и што морале да повикаат полиција, па им ги вратила парите, приближно околу 20.000 евра.

И Чола и неговата сопруга биле изненадени од нејзиното признание, особено што таа никогаш не била проблематична. Но, не и се налутиле, туку и рекле дека не е во ред тоа да го прави и дека секогаш треба да биде искрена со нив. Чола не одговорил на повиците на новинарите, поради што приказната не е потврдена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi