ЕСЕНСКА ЧОРБА ГОТОВА ЗА 30 МИНУТИ: Го зајакнува имунитетот за зимата, го чисти телото и има божествен вкус

22 ноември, 20220
349255_zelenakremcorbashutterstock-2223302169_ff

Нездравата исхрана го уништува нашиот дигестивен тракт, а стресот, загадувањето, лековите, разните адитиви и секако неквалитетната храна оставаат последици врз црниот дроб.

За да може вашето тело да биде подготвено да ги пречека зимските вируси и да го зајакне црниот дроб, органите за варење и, воопшто, целото тело, потребно е што почесто да му го обезбедувате највисокиот квалитет што го дава природата – зеленчукот.

Оваа крем супа без месо може да се јаде со секој оброк, дури и наутро, но обично е популарна за ручек, а добрата вест е што можете да ја замрзнете и одмрзнете кога сакате да му дадете на телото витаминска бомба.

Состојки:

3 чаши вода
1 главица кромид
2 чешниња лук
1 лажица маслиново масло
1 стебленце целер
1 лажичка рендан корен од ѓумбир
3 чаши ситно сечкана брокула
половина ситно сечкан целер
1 лажичка сол
прстофат мелен бибер

Подготовка:

Истурете го маслото во тенџере и загрејте го на средна топлина. Потоа додадете ситно сечкан црн кромид и изрендан ѓумбир, па динстајте додека кромидот да стане стаклен.

Потоа додадете ситно сечкан лук, ситно исечкано стебленце целер, сечкана брокула, анасон и само малку сол. Оставете да се крчка уште 2-3 минути, а потоа додадете вода и сол и бибер.

Откако ќе зоврие, ставете го капакот, намалете на тивок оган и оставете да се вари уште 20 минути.

После тоа, изладете и истурете во блендер, па добро сомелете додека не стане кремаста супа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber