ЗАБОРАВЕТЕ НА КУТИИТЕ ЗА СЛАДОЛЕД! Еве како правилно да ја складирате храната!
Веројатно некогаш сте ги чувале вашите намирници во кутија за сладолед. Научниците открија дека треба да избегнуваме такви ситуации
Речиси во секое домаќинство можете да најдете кутии за сладолед кои се користат за складирање на друга храна откако ќе се изеде сладоледот.
Сепак, кутиите за сладолед не се наменети за ова, бидејќи можат да испуштаат хемикалии како што се УВ стабилизатори, омекнувачи или други супстанции кои се наоѓаат во пластиката. Експертите тврдат дека овие опасни материи лесно може да се пренесат на храната.
Се советува кога ќе го јадете сладоледот, да ја фрлите кутијата и да не чувате друга храна во неа. Експертите тврдат дека е особено опасно ако овие пакувања ги миете со топла вода или ако ги ставите во микробранова печка.
Наместо пластика, најдобро е да користите стаклени или силиконски садови.
Силиконските садови се исто така совршен избор за чување храна во замрзнувачот.