Затоа е секогаш испукана и сува: Најчестите грешки што ги правите со ВЛАЖНАТА КОСА

16 јануари, 20220
kosa-2048x1365

Секогаш чекајте косата доволно да се исуши

Треба да се грижите за вашата коса и да ја заштитите од оштетувања.

Дури и додека е влажна, одредени дејства можат да и наштетат, па затоа треба да ги избегнувате.

Кога косата е свежо измиена, таа станува уште почувствителна, склона е на кршење и сушење.

Иако не сме свесни за нашите грешки и мислиме дека го правиме најдоброто за неа, често ја третираме влажната коса онака како што не треба, што може да доведе до сериозни последици и да го наруши нејзиниот прекрасен изглед.

  1. Чешлање мокра коса

Косата е најчувствителна и еластична кога е влажна и тогаш е подложна на оштетувања. Најдобро би било да ја исушите косата пред да ја чешлате и да користите спреј за полесно чешлање. Изберете четка која има најмеки влакна или изберете чешел кој ќе биде нежен за вашата коса.

  1. Плетење мокра коса во пунџа

Плетењето на косата во пунџа додека е уште влажна може да биде исклучително штетно за неа. Овој потег е премногу ризичен, косата се крши поради виткање и притискање со ластик и шноли.

  1. Спиете со мокра коса

Главната причина зошто фризерите не препорачуваат спиење со мокра коса е бидејќи тоа ги зголемува шансите за развој на бактерии. Ако косата и скалпот не се исушат доволно брзо, микробите кои предизвикуваат првут може да доведат до сувост и чешање на скалпот.

  1. Ја виткате косата во груба крпа

Сушењето на косата со обичен пешкир може да ја оштети косата и да предизвика испукани врвови и пукање. Наместо тоа, советот е да користите крпа од микрофибер.

Се препорачува дури и да користите маица со кратки ракави, бидејќи го намалува виткањето и ја впива водата без грубо триење со пешкир.

  1. Сушење на косата со фен додека е уште прилично влажна

Пред да ја исушите косата со фен, пожелно е таа да биде полусува.

Ваквиот начин на сушење е многу подобар за вашата коса, а ќе се погрижите да биде мазна, сјајна, помалку подложна на кршење и полесна за обликување. Дополнително, фенот за коса треба да се постави на најниска температура и волумен за да се минимизира оштетувањето при сушењето.

Без разлика кој метод на термичко обликување на косата ќе го изберете (фен, преса, фигаро), не заборавајте секогаш да користите средства за заштита од топлина. Косата ќе ви биде благодарна на долг рок.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *