За посилни коски: Само пет суви сливи дневно можат да направат чуда

22 ноември, 20220
Screenshot_4

Сувите сливи се одличен избор кога ви се јаде нешто благо, но и кога имате здравствени проблеми. со оглед на тоа дека во зима не може да ги најдеме свежи, одлични се и сувите сливи.

 

 

 

Иако изобилуваат со шеќер, тие се полни и  со влакна што помага во намалување на апсорпција на шеќер во крвотокот.

 

Сувите сливи се добри за цревата, благодарение на редовната консумација се подобрува нивната состојба, а помагаат и кај проблеми со опстипација и хемороиди.

 

Идеален избор се и кога сакате да ослабите, ја зголемуваат количината на добри бактерии во цревата, а тоа влијае на губењето килограми. Создаваат чувство на ситост и спречуваат ненадејни напади на глад.

 

Порција од 5 парчиња од ова овошје содржи 6 г влакна, што е прилична доза од овој важен нутриент. Содржи и други неопходни хранливи материи како калиум, кој помага во варење на храната и го регулира крвниот притисок, како и витамини А, К, Б6, но и ниацин и железо.

 

Изобилуваат и со бор, минерал одговорен за изградба на здрави коски и мускули. Истражување покажа дека редовното консумирање сливи спречува губење на коскена маса кај жените во менопауза. Доколку се најдат на вашето мени, ќе спречат создавање на остеопороза.

 

Друго истражување покажа дека консумирањето суви сливи го намалува негативниот ефект на оштетување на кожата од зрачење на коскената маса, така што луѓето кои се на овој вид лекување задолжително треба да додадат суви сливи во исхраната.

 

Недостигот на железо, кој е многу чест кај постарите жени, предизвикува оксидативни оштетувања на кожата што доведува до повеќе брчки, ситни линии и општо оштетување на кожата. Ист е случајот и со опаѓање на косата.

 

Потребно е секој ден да јадете по 5 суви сливи и во брзо време ќе ги видите промените.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi