За совршена насмевка: Неколку природни начини за избелување на забите

20 септември, 20220
Screenshot_2

Сите ние сонуваме да имаме совршена Холивудска насмевка. Сепак, не секој може да си дозволи да отиде кај стоматологот за да ги избели забите.

 

 

 

Морска сол, сок од лимон, и паста за заби

 

Измешајте половина лажичка морска сол и свежо исцеден сок од лимон со мала количина паста за заби во сад. Нанесете ја смесата на забите и оставете ја да отстои една минута пред да ја исплакнете устата темелно. Правете го ова 1-2 пати неделно.

 

Јаболков оцет и вода

 

Разредете половина лажичка јаболков оцет во чаша вода. Исплакнете ја устата со овој раствор секое утро пред да ги чистите забите.

 

Паста за заби, сол, сода бикарбона и сок од лимон

 

Се меша една лажица паста за заби, малку сол, малку сода бикарбона и 4-5 капки сок од лимон во сад. Четкајте ги забите со оваа смеса 4-5 минути. Ќе ја забележите разликата по само една употреба. Користете го овој метод еднаш на секои 2 месеци.

 

Млеко во прав и паста за заби

 

Млекото во прав ќе ви помогне да ги одржите Вашите заби бели. Ставете ја паста за заби на четка за заби, додадете малку млеко во прав и четкајте ги забите.

 

Активиран јаглен

 

Активираниот јаглен е еден од најлесните и најевтините начини за природно избелување на забите. Здробете малку од јагленот и ставете врз влажна четка а потоа исчеткајте ги забите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi