ИМАТЕ ПРОБЛЕМИ СО ПРВУТ? Природен шампон кој се прави од само ДВЕ СОСТОЈКИ ќе ве спаси од маките!

23 септември, 20220
489361_xstock-photo-unhappy-woman-looking-at-hair-flakes-having-dandruff-problem-indoor-1935604222_f

Првутот може да биде предизвикан од лошата исхрана, стресот, временските услови и многу други фактори. За среќа, постојат начини да се ослободите од него по природен пат

Речиси во секоја кујна можете да најдете ловоров лист, зачин кој на готвените јадења им дава посебна арома. Сигурно сте слушнале дека ловоровиот лист има одлични ефекти врз здравјето, на пример помага при кашлица, но малкумина знаат дека ловоровиот лист е вистинско природно средство за нега на косата.

Затоа, доколку имате проблем со лупење на скалпот, а сакате природни решенија, без хемикалии и агресивни состојки, тогаш треба да пробате домашен шампон од ловоров лист.

Ловоровиот лист содржи околу два отсто есенцијални масла, а има многу придобивки за организмот. Содржи полифеноли, танини кои се моќни антиоксиданси, витамин А, витамин Ц, натриум, калиум, железо и магнезиум, како и растителни влакна.

Затоа ви носиме третман со ловоров лист и кокосово масло, а потребни ви се:

пет ловорови листови

една лажичка кокосово масло

500 мл вода

Во водата ставете ги ловоровите листови и кокосовото масло, оставете да се вари додека не зоврие, па оставете на оган околу 5 минути. Тргнете од оган и оставете да се излади.

Потоа истурете ја течноста во шише со распрскувач и нанесете ја на скалпот, па добро втријте ја. Држете го препаратот на косата околу 15 до 30 минути, а потоа измијте ја косата како и обично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit