Како брзо да ги исушите алиштата во зима? 4 трикови кои ќе ви ЗАШТЕДАТ ВРЕМЕ И ПАРИ

20 ноември, 20220
349118_susenjevesashutterstock-1433035739_ff

Кога надвор е студено, сушењето подебели парчиња облека и крпи може да биде навистина невозможна мисија. Многу луѓе „полудуваат“ од гардеробата која е насекаде низ домот, а преместувањето на сушарата од една на друга страна е напорна работа.

Сепак, сè не е изгубено. Постојат начини за побрзо сушење на алиштата.

Ви носиме 5 корисни совети, а вие пробајте ги и кажете ни дали се ефективни.

Цедете ги алиштата двапати

Кога машината ќе ја заврши целата програма за перење и е време да ги извадите алиштата, земете ги и повторно вклучете ја машината само на циклусот на центрифугирање. Ова дополнително ќе ги исцеди алиштата и тие ќе излезат од машината многу помалку влажни отколку кога се цедат само за време на перењето.

Не ја пренатрупувајте сушарата

Кога ќе ги извадите алиштата од една машина, распоредете ги на најмалку две сушари. Оставете доволно простор помеѓу нештата за да може воздухот слободно да циркулира. Доколку имате можност оставете го прозорецот малку подотворен, бидејќи така ќе има уште подобра вентилација и нема да се формира влага и кондензација во куќата или станот.

Peglanje, Slaganje veša, Veš, Čist veš, Pranje veša, Odeća, Domaćica

Пеглајте ги полусувите алишта

Алиштата најдобро се пеглаат кога не се премногу суви. Затоа е најдобро да ги извадите од сушарата додека се уште малку влажни. Освен што ќе го олесните пеглањето, ќе го скратите и процесот на сушење, бидејќи топлината на пеглата ја отстранува влагата од ткаенината, па алиштата ќе бидат целосно суви додека ги пеглате.

Користете ги сончевите зраци

Колку и да е ладно надвор, ако има сонце, извадете ја сушарата надвор на кратко. Оставете ги час, два, колку што има сончева светлина, а потоа внесете ги внатре. Иако може да се случи алиштата да замрзнат, тие ќе бидат целосно суви наскоро откако ќе ги вратите во куќата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *