КАКО ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕТЕ ЗНАЦИТЕ НА ДЕХИДРАЦИЈА! Сигнали кои ви ги испраќа ТЕЛОТО

23 јуни, 20220
Screenshot_10

На телото му е потребна вода секогаш, особено во лето кога се интензивираат активностите на телото, како и потрошувачка на течности во разни форми. Ако не пиете доволно вода, ризикувате услови кои воопшто не се пријатни …

 

 

Дехидрираноста на организмот може да биде причина за бројни здравствени проблеми, но и покомплицирани болести. Ви донесуваме список со некои од најчестите индикатори дека вашето тело плаче за вода.

 

  1. Почесто сте гладни. Луѓето кои внесуваат доволно течности подолго време се чувствуваат сити. Значи, ако сте често гладни и постојано грицкате нешто, дополнителна чаша вода може да ви помогне.

 

  1. Имате главоболки. Дехидрацијата може да предизвика главоболки и мигрена. Ако често имате главоболки, можеби не пиете доволно вода.

 

  1. Чувствувате жед. Иако може да изгледа очигледно, жедта е првиот природен знак на организмот дека треба да пиете дополнителна вода и тоа е знак дека постои одреден степен на дехидратација. Кога се јавува дехидрација, се јавува поголема концентрација на електролити, што предизвикува жед.

 

  1. Имате запек. Ако не внесувате доволно течности во вашето тело, може да имате проблеми со запек. Водата помага во целиот процес на варење, вклучително и празнење на цревата.

 

  1. Кожата ви е сува. Водата е природен навлажнувачки крем за кожата. Ако забележите дека кожата е сува, обидете се да пиете повеќе вода бидејќи тоа ќе ви помогне да ја хидрирате кожата.

 

  1. Се чувствувате слабo. Иако можеби сте заспале, ако не сте испиле доволно вода, ќе се чувствувате слаби и уморни. Недостаток на вода може да ја зголеми конфузијата и заморот и да го намали вниманието.

 

  1. Промена на бојата на урината. Нормалната боја на урината е бледо жолта. Ако бојата се промени и стане темно жолта, тоа е знак дека треба да пиете повеќе вода.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *