КАКО ДА ЗНАЕТЕ ДАЛИ МУ СЕ ДОПАЃАТЕ НЕКОМУ? 6 знаци ќе ја откријат тајната!

2 август, 20220
566024_ljubav_f

Кога некому му се допаѓаме, обично нема да ни каже ништо директно, но преку постапки и говор на телото можеме да видиме далу чувствата се обострани.

На многу луѓе им е тешко да ги изразат своите емоции со зборови, затоа внимавајте на говорот на телото, гестовите и односот кон вас и ќе знаете на што сте.

Само обрнете внимание на следниве работи!

  1. Сака да биде во ваша близина

Личноста на која и се допаѓате ќе ја искористи секоја можна ситуација за да биде во вашето друштво. Ќе се поврзе со заеднички пријатели, ќе ви плаче на рамо, ќе ве викне во кино, ќе ве праша за совет или едноставно ќе ве информира за секој свој потег. Секој од овие поединечни знаци укажува дека оваа личност ве сака во својот живот. Секогаш „случајно“ ќе ве допира кога е до вас, ќе ви ја мести косата, ќе ви ја чешка раката, спонтано ќе ве прегрне или погледите ќе ви се сретнат, па бидете спремни да вратите.

  1. Поглед

Очите се огледало на душата и затоа љубовта никогаш не може да се сокрие. Човек кој е заљубен во вас постојано ќе ве следи со очите во секое време. Кога ќе и го вратите погледот, таа најчесто ќе се сврти во сосема спротивна и неважна насока. Ова е јасен знак на љубов.

  1. Невообичаен глас и тема

И самите сте забележале дека кога некој ви се допаѓа, дури и ја менувате бојата на гласот преку телефон, а истото важи и за спротивната страна. Бојата на гласот не е единственото нешто што ќе се промени. Сосема просечните теми ќе бидат заменети со оние за многу важни разговори во кои најмногу ќе бидете вклучени. Сосема обичен пријател покрај вас може да стане комбинација од филозоф, поети и новинар, а темите ќе се редат една по друга до доцна во ноќта.

  1. Озборувања

Кога човек е заљубен, тој треба да зборува за темата на неговиот постојан интерес. Многу брзо ќе слушнете низа информации за себе, било да се тоа пофалби или обични озборувања. Колку и да е тешко на другата страна да се воздржи, ако не може секогаш убаво да зборува за вас, може и да ве озборува, се со цел да собере што е можно повеќе информации бидејќи сте од голем интерес за нив.

  1. Насмевка

Луѓето не можат да ја контролираат својата насмевка, исто како и нивните очи. Покрај тој сјај во нивните очи секогаш кога ќе ве видат, луѓето на кои им се допаѓате секогаш ќе се насмевнат кога ќе ве видат. Насмевката со крената веѓа е само посебен знак на наклонетост и таа доаѓа несвесно. Ако некој од друштвото каже нешто смешно што ќе ги насмее сите, личноста на која потајно и се допаѓате секогаш ќе гледа директно во вас во моментот на смеење.

  1. Промена на интереси

Како што на девојките кога им се допаѓа некој, кој на пример следи спорт, се трудат да дознаат се за тој спорт, така ќе биде и со мажите. Секогаш кога ви се допаѓа некој кој не е во доменот на вашите интереси, се трудите да добиете дополнителни информации за теми кои го интересираат и вашиот потенцијален партнер.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit