Како едноставно да ги отстраните тврдоглавите и стари дамки од ткаенините: Потребна ви е само една работа

14 мај, 20220
shutterstock1131243254-830x0

Кога ќе ги извадите алиштата од машината, дамките ќе станат минато

На повеќето луѓе им се случило безброј пати да ја извалкаат омилената маица, постелнина или чаршав и да не можат да ја поправат штетата дури ни со најскапите средства за таа намена.

Дамките од мрсната храна, виното, па дури и крвта тешко се отстрануваат и обично таквите парчиња завршуваат како неупотребливи, но тоа не мора да биде така, бидејќи во вашето домаќинство постои „волшебна“ алатка која ќе ги направи старите дамки нешто од минатото.

Се што ви треба е детергент за миење садови.

Нанесете неколку капки детергент на дамката, малку навлажнете ја, втријте на местото на дамката и оставете да отстои околу десет минути.

Потоа исплакнете сè со ладна вода и ако дамката е поупорна, повторете ја постапката.

Не очекувајте сите дамки да исчезнат одеднаш, но ова е добар почеток. Потоа измијте го парчето облека, постелнина или кујнска ткаенина на вообичаен начин во машината за перење.

Кога ќе ги извадите алиштата од машината, дамките ќе бидат минато.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi