КАРЛЕУША ВО СВОЈОТ ДОМ ЧУВАЛА ЕГЗОТИЧНО ЖИВОТНО ОД КОЕ МНОГУМИНА СЕ ПЛАШАТ! Вистинска МЕНАЖЕРИЈА со пет миленичиња!

14 ноември, 20220
289785_jkkkk_f

Пејачката Јелена Карлеуша е позната како голем заштитник на животните и на секој чекор се труди да ја подигне свеста кај луѓето со разни апели дека тоа се живи суштества кои треба да се чуваат, галат и негуваат. Нејзиниот дом е исполнет со голем број домашни миленици.

Јелена Карлеуша за „Курир“ откри дека сака да купи игуана. Рекла дека во домот имаат менажерија бидејќи имаат дури пет миленици, но дека за сите сама се грижи.

– Ника и Атина од мене ја наследија љубовта кон животните. Моите ќерки имаат две кучиња и три мачки. Поточно, во куќата имаме менажерија. Тие сакаат животни, но јас ги чувам и се грижам за нив, па сите тие се мои животни.

Нивната љубов кратко трае, малку ќе си поиграат, ќе се погалат и потоа си заминуваат. Јас сум таа што се грижи за се што е поврзано со животните – рекла Карлеуша и открила дека постои можност да купи уште едно милениче.

– Нема да верувате, одамна имав игуана, а деновиве сериозно размислувам повторно да купам – изјавила пејачката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber