Колку долго може да стои руската салата во фрижидер? Многумина ја прават оваа ГРЕШКА која ѝ го скратува рокот на траење

25 ноември, 20220
349476_ruskasalatashutterstock-513213007_ff

Руската салата е едно од омилените јадења кога е во прашање празничната трпеза. Се прави од зеленчук, шунка, мајонез и јајца, па поради својот состав многу лесно се расипува.

Прашањето што им пречи на многу домаќинки е колку долго може да остане во фрижидер и да биде безбедна за јадење.

Еве ги одговорите, како и совети како да го максимизирате нејзиниот рок на траење.

Мора да бидете многу внимателни со руската салата, како и со другите јадења со мајонез, бидејќи таквите јадења имаат релативно краток рок на траење. Без разлика дали ја правите со шунка или пилешко, па дури и посна, големи се шансите да почне да се расипува на третиот или четвртиот ден.

Ruska salata, Salata

Значи, колку долго може да стои руската салата?

Првото нешто што треба да направите за да го продолжите рокот на траење е да ја ставите во фрижидер веднаш штом ќе завршите со јадењето. Ако остане топла долго време, постои голема веројатност состојките да ферментираат и да се расипат.

Многу луѓе грешат кога само ја покриваат руската со фолија, што значи дека во тој сад можат да влезат микроорганизми од друга храна во фрижидерот.

Руската салата секогаш треба да се чува во фрижидер во сад кој добро се затвора, за да не може да навлезе воздух и микроорганизми.

Некаде ќе прочитате дека рокот на траење е пет дена, но ве советуваме да ја чувате на температура од околу 4 Целзиусови степени и да ја изедете во рок од три дена, за да биде целосно безбедна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *