КОНЕЧНО НАУЧНО ПОТВРДЕНО – Еве зошто жените ГЛАСНО ВОЗДИВНУВААТ за време на ВОДЕЊЕТО ЉУБОВ

20 ноември, 20220
676

Од хитот „Кога Хари ја запозна Сали“ до серијата „Сексот и градот“ и кој било порно филм жените во обливи на страст, не само што гласно го откриваат своето задоволство, туку тоа добива и донекаде маченички тон – оплакување на радост.

Токму тоа го анализирале експертите, а во 2011 година тим од научници од Ланкашир објави истражување на оваа тема, технички познато како „копулаторна вокализација“. Во студијата, тие анкетирале 71 жена на возраст од 18 до 48 години со детали за нивните звуци за време на сексот. Откриле дека повеќето од нив испуштаат звуци во креветот, но не нужно додека доживуваат оргазам.

Наместо тоа, 66 од нив признале дека стенкале за да го забрзаат оргазмот на партнерот, додека 87 отсто од жените рекле дека тоа ги прави да се чувствуваат посекси и посамоуверено.

Додека женските оргазми најчесто се постигнуваат за време на предиграта, копулаторната вокализација е на највисоко ниво пред и истовремено со машкиот оргазам – заклучија истражувачите. Дополнително, тие додаваат дека жените вметнуваат „викање“ за да ја намалат „досадата“ во креветот.

Дали жените стенкаат само за и заради мажите?

– Нема толку многу истражувања во оваа област, но ние сме бомбардирани низ медиумите со идејата дека стенкањето е поврзано со оргазмот и добриот секс – вели научникот Кристен Марк од Универзитетот во Индијана.

Затоа, стенкањето е прилично мудра стратегија за глумење оргазам, но всушност нема ништо мудро во тоа.

– Ако стенкате, му давате до знаење на партнерот дека тоа што го прави е добро, што очигледно не е така – вели авторот и т.н. секс учителка Пети Бризбејн, која ги советува жените да користат стенкање и врескање само кога нешто е добро, а не кога сакаат да заврши што е можно поскоро.

За време на сексот се огласуваат и женските животни. Лажно или не, жените не се единствените суштества кои произведуваат звуци за време на сексот. Истражувањата во животинското царство откриваат дека, на пр. женските павијани имаат голем број стенкања. Тој шум станува се погласен како што се приближуваат до овулацијата и кога се парат со павијан кој се рангира повисоко на нивната социјална скала.

– Жената е научена да преземе одговорност за личното задоволство, а може да оди чекор понатаму и да му стане учителка на својот маж – вели Бризбејн, која истакнува дека е докажано дека и стенкањето поттикнува женски оргазам, односно возбудување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *