КРОФНИ ПОЛНЕТИ СО СЛАТКА ПАВЛАКА: Печени во рерна без капка масло, совршено меки

20 септември, 20220
Screenshot_9

Домашните крофни полнети со фил од слатка павлака се толку убави и меки што нема да можете да им одолеете. Посебно ќе им се допаднат на децата поради нивната форма, а се поросуваат и со чоколадни трошки.

 

 

Состојки:

  • 400 гр брашно
  • 10 гр квасец
  • 60 мл топла вода
  • 8 гр ванилин шеќер
  • 1 јајце
  • 30 гр шеќер
  • 5 гр сол
  • 100 мл топло млеко + 1 лажица млеко
  • 50 гр. Путер
  • 500 мл слатка павлака
  • чоколадни трошки
  • 1 белка

 

Подготовка:

Во поголем сад додадете брашно и направете влабнатина во средината. Скршете го свежиот квасец во брашното, додадете топло млеко и вода, шеќер, ванилин шеќер, сол и јајце. Сè добро измешајте, постепено додавајќи брашно од рабовите на садот. Добро разработете го тестото со раце.Кога тестото ќе стане еластично додадете го омекнатиот путер и месете додека не се соедини целиот путер. Покријте го тестото со фолија и оставете го да нарасне околу еден час. Работната површина посипете ја со малку брашно, па развлечете го тестото во круг со дебелина од околу 1,5 см.Кофните извадете ги со помош на калап или чаша. Издлабете го центарот со чаша за ракија, така што ќе добиете форма на прстен. Крофните ставете ги на плех покриен со хартија за печење и оставете ги да одморат уште 30 минути. Крофните премачкајте ги со белка, а потоа нежно притиснете ги чоколадните трошки. Печете на 180 степени 20 минути. Кога ќе се изладат крофните, пресечете ги на половина, во средината додадете шлаг и по желба посипете ги со шеќер во прав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *