КРЦКАВИ поховани КРИЛЦА со ПАРМЕЗАН! Има ли нешто повкусно? (РЕЦЕПТ)
20 септември, 20220
За овој рецепт за пржени пилешки крилца не се потребни посебни состојки, но ви препорачуваме при рака да имате корнфлекс и пармезан… Уживајте!
Состојки:
- половина чаша презла
- 1/3 чаша корнфлекс
- четвртина чаша пармезан
- поголемо јајце
- 800 гр крилца
- сол, бибер, масло, зачини по желба
Подготовка:
Измешајте ги лебните трошки, искршените корнфлекс, пармезанот, солта и биберот и зачините по желба. Јајцето се мати со малку сол. Измијте ги и исушете ги пилешките крилца, па валкајте ги прво во јајца, а потоа во смесата со презла. Се редат во плех обложен со хартија за печење, се попрскува со малку масло и се пече во рерна на 200 степени околу 30-35 минути. Послужете додека е топло.