Лебот почнал да се суши: Не го фрлајте, вратете му ја свежината
1 јули, 20220
Колку пати ви се случило лебот да ви се исуши, па не знаете што да правите со бајат леб? Некои домаќинки тогаш прават пржени кришки или попара, но сега ќе ви кажеме како можете да ја вратите свежината на стариот леб.
Трикот е многу едноставен – стариот леб ставете го под млаз вода за малку да се навлажни. Потоа ставете го во загреана рерна на околу 180 Целзиусови степени неколку минути.
На овој начин ќе ја вратите свежината, а кората ќе биде крцкава. Ако лебот е почнат, внимавајте тој дел да не дојде во допир со водата, бидејќи тогаш нема да функционира.
И плус совет: лебот секогаш чувајте го во хартиена кеса или завиткан во памучна крпа, пишува „superzena.b92.net“.