ЛИКЕР ОД ВИШНИ Ова е стар рецепт кој му успева на секого

popara11 јуни, 20221min00
Screenshot_12

Никој не може да одолее на домашен ликер од вишни

 

 

 

Рецептот за овој напиток од вишни е толку едноставен што ќе успеат дури и оние кои го подготвуваат за прв пат.

 

 

Состојки:

  • 500 гр вишни
  • 1 литар ракија
  • 500 гр шеќер

 

Подготовка:

 

Зрелата вишна излупете ја и добро измијте ја, па ставете ја во тегла (3 кг) и прелијте ја со шеќер. Не мешајте, туку прелијте со ракија. Затворете ја теглата и ставете ја на сончево место цели 40 дена. Повремено мешајте ја содржината на теглата за да се стопи шеќерот. По 40 дена, процедете ја ракијата во соодветно стаклено шише, а вишните не ги фрлајте. Ако сакате, еден дел од вишните можете да оставите во ликерот, или да ги искористите за колач. Можете да ги премачкате и со темно чоколадо и да послужите како домашни пијани вишни.