Наташа Беквалац објави фотографии во костим за капење: Новосадската барбика ги запали социјалните мрежи (ФОТО)
28 јуни, 20220
Објави слики во бикини, а коментарите не престануваат
Наташа Беквалац реши да замине на море во Грција со ќерките Хана и Катја. Овие три убавици видно уживаат во заедничкото дружење и поминуваат квалитетно време заедно.
Наташа на својот Инстаграм профил објави фотографии во костим за капење, што предизвика бројни позитивни коментари. Во црното бикини нејзините облини дојдоа до израз. Таа позираше на работ од базен, а во преден план е тетоважата на колкот.
Пејачката неодамна за медиумите изјави дека рамниот стомак, тенките нозе и тесниот струк ги должи на редовните тренинзи и диета. Таа напорно работела за да изгледа вака, а пејачката сега има помалку од 60 килограми.