Најдобриот начин за подготвување на лосос: Совршенство од рерна готово за половина час

12 јануари, 20220
62216784-losos

Не мора нужно да одмрзнувате стекови од замрзнат лосос пред да готвите, што го прави идеална храна кога ви треба брз ручек или вечера. За да го направите лососот однадвор крцкав, користете лебни трошки измешани со вашите омилени зачини.

Со малку мајонез за премачкување на рибата, трошките ќе останат на рибата. Најдобар избор се лебните трошки од панко направени од бел леб без кора бидејќи апсорбираат помалку маснотии и остануваат крцкави подолго.

Состојки за печен лосос од рерна:

4 стекови замрзнат лосос (околу 550 g)
1/4 чаша мајонез
1 лажичка чадена паприка
1 и 1/4 лажичка лук во гранули
1/2 чаша лебни трошки
масло, сол

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 220 ° C. Ставете го замрзнатиот лосос во сад за печење со кожата надолу, доколку го има. Покријте цврсто со фолија. Печете 15 минути.

2. Во помал сад измешајте мајонез, чадена пиперка и 1/4 лажичка лук. Во друг сад измешајте ги лебните трошки, една лажица масло, 1/8 лажичка сол и 1/2 лажичка лук.

3. Отстранете ја фолијата и секоја шницла премачкајте ја со околу една лажица мајонез, а потоа посипете со 2 лажици лебни трошки и лесно притиснете ја смесата да остане врз рибата. Печете околу 15 минути или подолго (во зависност од дебелината на лососот).

Совет: Послужете го лососот со гарнир по ваш избор како што се пржен грашок, ориз или киноа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi