Најпопуларните летни обувки можат да ви направат сериозни здравствени проблеми: Погледнете зошто АПОСТОЛКИТЕ се штетни (ФОТО)

21 јуни, 20220
a63f089791f75486ec9561dc4820c7eba2f12058

Обувки кои не се препорачуваат од здравствени причини

Бидејќи летото избрза оваа година, веројатно веќе сте ги извадиле апостолките од плакарот. Колку и да ви се чинатт удобни и погодни за топлото време, апостолките не се толку практични како што изгледаат. Тие можат да предизвикаат навидум безопасни, но всушност многу опасни работи за луѓето.

Стапалата во апостолките се изложени на бактерии и вируси од околината. Ова може да биде голем проблем ако сте ја оштетиле кожата или сте се исекнале, бидејќи може да предизвика здравствени проблеми, како што е инфекција на раната. Затоа, една мала посекотина може да предизвика долго и напорно закрепнување.

Овој тип на обувки не нуди стабилност, поради што луѓето кои ги носат почесто одат подгрбавено, што може да предизвика долгорочни проблеми со ‘рбетот, колковите и колената. Од истата причина, носењето апостолки не се препорачува за луѓе со рамни стапала. Избегнувајте да купувате апостолки од непроверени извори, бидејќи чевлите направени од токсични материјали можат да предизвикаат алергии на кожата и многу други повреди на стапалата.

Тие се дизајнирани така што стапалото нема потпора или влошки што го ублажуваат ударот на стапалото на земјата при одење. Ова може да доведе до болки во стапалата, тендинитис и превртени зглобови.

Колку и да изгледаат како идеално решение, размислете двапати. Секако, можете да носите апостолки на плажа или базен, но пред тоа задолжително нанесете заштитна крема на стапалата, за да ги заштитите од штетните сончеви зраци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi