Најпопуларното растение на „Инстаграм“: Еве како да го одгледувате и негувате

23 септември, 20220
shutterstock1832830267-830x0

Ова растение се користи и за козметички и за прехрамбени цели

Ако сакате цвеќиња и растенија и уживате да споделувате фотографии на кои се гледа вашата работа и труд околу нив со другите на социјалните мрежи, тогаш веруваме дека и вие гледате како другите се грижат за своите цветни миленици.

Една американска организација направи анализа на хаштагови за цела палета на собни растенија, а едно се издвои како најпопуларно – тоа е алое верата.

Хаштагот #aloeverа бил пребаруван повеќе од 4,8 милиони пати на социјалната мрежа „Инстаграм“. Секако, една од причините е фактот што алое верата се користи и за козметички и за прехрамбени цели.

Освен што е убава декорација во секоја просторија, алое верата е корисна и бидејќи овој сукулент, кој е лесен за одржување, припаѓа во чистачите на воздух.

Алое верата има потреба од песочна или чакална почва. Цветањето се јавува кон крајот на пролетта или почетокот на летото. Мора да биде на место што е осветлено од индиректна сончева светлина. Директното сонце може да ги оштети лисјата.

Почвата во која ќе ја засадите алое верата мора да биде добро исцедена. Во своето природно живеалиште, алоето генерално расте на падини, па во тој случај е загарантирана добра дренажа. За да обезбедите дренажа во садот, можете да користите специјална почва за кактус или да измешате малку перлит или крупен песок за да направите сопствена мешавина.

Алое верата сака вода. Важно е да се дозволи почвата целосно да се исуши помеѓу наводнувањето. Ако го оставите растението суво предолго, листовите ќе се збрчкаат. Ќе се опорави кога ќе се напои, но продолжената суша или премногу вода ќе предизвикаат лисјата да пожолтат.

Ова растение повремено произведува високо стебло со мали цветови во форма на ѕвонче. Кога цветовите ќе почнат да се сушат, можете да го исечете стеблото на дното. Покрај тоа, главната билка може да произведе нови, помали растенија кои треба само да ги преместите во нови саксии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit