Некои приказни сепак не се вистинити: Ова се ТРИТЕ најголеми заблуди за чоколадото

5 август, 20220
cokolada-shutterstock_71232085

Чоколадото се трудиме да го избегнуваме, особено ако сме на диета, бидејќи се тврди дека тоа негативно влијае на организмот. Но, се чини дека ова не е сосема точно.

Експертите велат дека некои тврдења за чоколадото не се точни:

1. Чоколадото е штетно за нашиот организам
„Можеби е тешко да се поверува дека нешто што има толку добар вкус, како чоколадото, не е лошо за вас“, вели извршната директорка на NY Nutrition Group, Лиза Московиќ.

Таа понатаму вели дека чоколадото, особено темното чоколадо, содржи здрави хранливи материи, вклучувајќи железо и антиоксиданси, кои помагаат во борбата против стресот.

2. Ако сакате да ослабете, заборавете на чоколадото
Експертите тврдат дека можете да јадете се и во исто време да ги изгубите несаканите килограми. Она што навистина е важно е колку порции се јаде и колку често. Така, чоколадото може да се конзумира редовно, само треба да внимавате на препорачаниот внес на калории.

3. Лесно може да предизвика покачување на шеќерот во крвта
Чоколадото содржи преработен шеќер, но содржи и влакна и антиоксиданси. Ако сакате чоколадо, но се плашите од зголемување на шеќерот во крвта, одберете темно или чоколадо со помалку шеќер, советуваат експертите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit