Неколку интересни факти за Фреди Меркјури кои веројатно не сте ги знаеле

5 август, 20220
golemata-ljubov-na-fredi-merkjuri-286726

Во септември 1946 година е роден Фарок Булсара, попознат како Фреди Меркјури. Во следните редови ќе дознаете неколку факти од животот на починатиот пејач на групата Квин, кои можеби не сте ги знаеле.

Роден е во Занзибар
Таткото на Фреди работел за Британската колонијална служба во Занзибар (сега Танзанија), кога славниот пејач се родил во Стоун Таун во оваа земја.

Неговото семејство припаѓало на етничката заедница Парси, чии членови денес претежно живеат во Индија.

Тој го променил своето име во 1970 година.
Кога групата Квин била формирана во 1970 година, Фарок Булсара одлучил да го промени своето име во Фреди Меркјури.

Бил страстен колекционер на поштенски марки
Колекцијата на поштенски марки на Меркјури, стекната за време на неговото детство во Занзибар, Велика Британија, Нов Зеланд и Монако беше еден од ретките негови поседи кои останаа во сопственост на неговото семејство, по смртта на пејачот.

Меѓутоа, во 1993 година, колекцијата е купена од Британскиот поштенски музеј.

Некогаш работел како носач на багаж
Пред да стане светка ѕвезда, познатиот пејач на Квин, имал прилично негламурозна работа.

Имено, тој бил вработен на лондонскиот аеродром Хитроу, кадешто помагал околу багажот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi