„Немам претстава зошто и го купив тоа“: Принцот Вилијам откри што и подарил на Кејт
„Не помина добро“, признава принцот
Кејт Мидлтон, војвотката од Сасекс, на 9-ти јануари го прослави својот 40-ти роденден, а се уште не е познато што и подарил нејзиниот сопруг, принцот Вилијам.
Иако овој пат сигурно се подготвил да ја воодушеви со подарок, еден подарок што идниот крал на Велика Британија и го подари претходно на својата сакана сопруга беше толку бесмислен што не можеше да остане тајна.
Имено, како гостин во подкастот на поранешниот британски фудбалер Питер Крауч, принцот признал дека не е најсјаен во изборот на подароци за своите најблиски.
Кога поранешниот спортист рсакажа дека случајно и го купил истиот подарок на својата сопруга три години по ред, Вилијам мораше да признае што направил.
Тој изјави дека на почетокот на врската и купил двоглед на сопругата, а се пошегува дека тоа му помогнало да ја заведе.
– Таа ме погледна и беше како „Двоглед е… Што се случува?“… Не помина добро. Немам поим зошто и купив двоглед – рекол принцот.
Како што подоцна пишуваа британските медиуми, војвотката од Кембриџ не му дозволила на сопругот да заборави што направил, но во подоцнежните години „се извлекол“ со подарување скап накит.