НЕ ГИ ОДЛОЖУВАЈТЕ кавгите со партнерот за подоцна: Има добра причина за тоа!

20 септември, 20220
676

Кога во врската нема повремени расправии, партнерите навистина не ги покажуваат своите вистински бои и она што навистина го мислат.

Избегнувањето расправии во врската или бракот всушност доведува до туркање на проблемот „под тепих“, што има спротивен ефект. До овие заклучоци дошле и експерти кога спровеле одредени истражувања.

Паровите кои немале конфликти ги туркале проблемите „под тепих“, што ескалирало со големи расправии. Ваквите конфликти исто така покренуваат работи од минатото кои ги премолчуваме. Тоа воопшто не и помага на врската.

Паровите кои избегнувале да зборуваат за тоа што им пречи имале генерално полоша комуникација, биле понесреќни и помалку посветени на врската со избраникот/чката.

Агресијата, фрустрацијата и чувството на незадоволство може да се насоберат ако не зборувате за проблемите и за она што ве мачи.

Затоа, кога ќе наидете на некој проблем, пречка или нешто што ве мачи, разговарајте за тоа со партнерот. Разменете мислење, разјаснете што не сакате или што не ви се допаѓа. На овој начин ќе изградите поздрава врска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi