Не дозволувајте да ве измамат! Испробани трикови како лесно да препознаете ВИСТИНСКИ МЕД

2 јули, 20220
Med

Вистинскиот, домашен мед е богатство на здравјето и секогаш треба да чувате барем неколку тегли во домот.

Меѓутоа, доколку немате проверен добавувач, се соочувате со голем проблем во продавницата или пазарот.

Мора да научите како да препознаете кој мед е лажен, а кој не.

Постојат два вида лажен мед. Првата е мешавина од вистински мед со шеќер или оризови сирупи. Вториот тип нема апсолутно никаква врска со медот, бидејќи тоа е мешавина добиена од вода, шеќер и безбоен кристален прав добиен од карпи и боја. Ваков мед често се наоѓа на европскиот пазар.

Како да препознаете вистински мед?

Вистинскиот, природен мед не е леплив. Значи, кога ќе го размачкате со прстите, не смее да се залепи бидејќи тоа покажува дека содржи шеќер или вештачки засладувачи.

Можете да го тестирате и со вода – ставете една лажица мед во вода. Ако потоне на дното и остане таму, тогаш сè е во ред со него. Лажниот мед веднаш ќе почне да се раствора, односно ќе се измеша со водата.

Вистинскиот мед се кристализира по некое време, лажниот не.

Потопете малку памучна волна во мед и запалете ја – ќе изгори ако медот е вистински.

Ставете капка мед на прстот. Вистинскиот, чист мед ќе остане на едно место, додека лажниот мед брзо ќе почне да ви капе низ прстот.

Загрејте малку мед во микробранова печка на високо – природниот мед ќе се карамелизира, лажниот мед ќе биде полн со меурчиња.

Ставете малку мед на хартија – ако е вистински, нема да ја пробие хартијата, бидејќи медот не содржи вода.

Ставете малку мед во близина на мравките, ако тие го заобиколат, тогаш имате вистински мед во вашите раце.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *