Не дозволувајте етикетите да ве измамат: Како да препознаете дали маслиновото масло е квалитетно и чисто?

24 ноември, 20220
Maslinovo-ulje

Експертите истакнуваат дека треба да внимавате на две работи

Иако речиси и да нема шише маслиново масло на кое не пишува дека е „100 отсто чисто масло“, експертите предупредуваат дека тоа честопати нема многу врска со вистината.

Д-р Кортни Свон вели дека комерцијалните марки на маслиново масло не се ни приближно ист квалитет и дека дури 75 до 80 отсто од производите на полиците во маркетите немаат никаква врска со напишаното на нив.

– Дури и ако на шишето масло пишува дека е 100 проценти маслиново масло, тоа не мора да биде така бидејќи производителите и трговците често додаваат масло од соја, масло од канола и сончогледово масло во маслиновото за да заштедат пари – вели Свон.

Како да знаете дали маслиновото масло е навистина чисто?

– Карактеристични се две работи. Кога ќе го истурите треба да има баш темно зелена боја, а кога ќе го вкусите вкусот да биде исклучително остар – вели докторката.

Таа посочува и дека, иако е сепак важно на шишето да пишува „100 проценти маслиново масло“, не треба да го прифаќате зборот на секоја марка, па затоа е добро да направите дополнително истражување пред да го купите.

– Доброто маслиново масло не само што го подобрува вкусот на храната, туку може да го подобри и здравјето со текот на годините, бидејќи е полно со здрави масти, антиоксиданси и витамини и е значително помалку преработено од многу други – заклучи Свон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber