Не е само зачин: Постојат неколку начини на кои можете максимално да ја искористите кујнската сол

1 август, 20220
so

Солта е речиси незаменлива при подготовка на сите јадења, а сега можете да ја користите за многу работи во домот.

Имено, не само што ќе ги избрка мравките од вашиот дом, туку со неа можете да исчистите и многу предмети, особено бакар и сребро.

Најдобро од се е што е евтина и сигурно веќе ја имате дома.

Ги држи мравките подалеку
За да ги отстраните мравките од вашиот дом, односно да ги држите подалеку од шкафовите за храна или прозорците, задолжително ставете малку сол на рамката на прозорецот или на која било друга погодена површина. Кога ја користите солта на овој начин, ќе го намалите нивото на влажност.

Ги чисти прозорците
За да ги исчистите прозорците и да се ослободите од тврдокорните дамки од стаклото, треба да измешате 1-2 лажици сол во четири литри топла вода. Користете ја оваа смеса за чистење на извалканите прозорци и во вашиот дом и во вашиот автомобил. Потоа, вашите прозорци ќе останат чисти долго време.

Исчистете го одводот на мијалникот
Измешајте сол и топла вода и истурете ја смесата во мијалникот. Солта ќе ги стопи масните наслаги кои го затнуваат мијалникот и создаваат непријатен мирис.

Спречува стеснување на облеката
За да спречите алиштата да се собираат при перење, треба да ставите малку сол во машината за перење. Доколку ги сушите алиштата надвор, ова е исклучително ефикасен метод.

Полира месинг, сребро и бакар
Солта е наједноставнoто некорозивно средство за овој проблем. Направете паста од сол и оцет и со неа истријте ги вашите парчиња накит, со што ќе заблескаат, по испирањето. Мешавината од сол и оцет успева да раствори секаков вид нечистотија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi