НЕ Е СЕЕДНО ШТО СОНУВАТЕ! Чистата река носи среќа

17 мај, 20220
528346_sky-g69826ed6e-1920_f

Според научните истражувања, соништата можат да траат од неколку секунди до 20 минути, а човекот памети само пет проценти од она што го сонува.

Додека се присетуваме, понекогаш ни се чини дека со часови сме се бореле со чудовишта, сме возеле камиони, сме биле на места каде што никогаш не сме стапнале. Оние кои веруваат во соништата веруваат дека потсвеста не опоменува со секоја слика, и дека некои места имаат посебно значење…

Во сон, плажата е симбол на борба, комбинација на живот и немирни емоции. Опуштањето на плажа е знак дека доаѓа мирно и спокојно време. Ако работите на плажа во сон, ќе потрошите многу време на некој проект или на обврски.

Замокот претставува награда, чест и признание. Ако го сонувате, имате желба да избегате од секојдневните проблеми и ви треба поддршка.

Црквата со отворена врата е знак на бизнис раст или напредок. Затворената врата е симбол на разочарување или губење на пари. Ако сте во црква, веројатно ќе се соочите со помали препреки.

Маскенбалот е знак на лаги и измами. Ако се видите под маска, немате мир поради некоја причина. Интересно, бегањето од маскенбал „најавува“ добра забава.

Планините се предизвик, амбиција, но и пречка. Ако застанете на врвот, тоа значи дека сте ги постигнале целите. Качувањето е знак на неодлучност и амбиција. Во случај да паднете во бездна, сакате успех на брзина.

Полето е знак на желбата за слобода. Зелените полиња во сон се знак на плодност, слобода и среќа. Оние кои сонуваат за тоа поминуваат низ период на личен раст.

Бистра река во сон најавува среќен настан. Ако водата е матна и бурна, ќе се справите со недоразбирања и љубомора. Празните речни корита укажуваат на болест.

Тунелот е знак на неуспех во љубовта и работата. Кога воз во тунел ви доаѓа во пресрет, тоа е знак дека нешто наеднаш ќе се промени во вашиот живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *