Не користете пилули и слободно шминкајте се: Заблуди за акните кои можат само да ви направат поголема штета

6 август, 20220
Bubuljice

Кога станува збор за здравјето воопшто, погрешните сфаќања за состојбата и верувањата во ставовите кои биле научно отфрлени во минатото, може да создадат огромен проблем за една личност.

Акните можеби претставуваат повеќе естетски отколку здравствен проблем, но не е тајна дека тие можат многу да влијаат на квалитетот на животот.

Подложноста на акни автоматски значи дека треба да ги коригирате вашите навики кога се во прашање шминката и исхраната, а тоа не е секогаш особено лесно.

Затоа би било добро заедно да ги отфрлите митовите кои долго време постојат и ви создаваат дополителен стрес и нервоза:

Акните се тинејџерски проблем
Делумно точно. Факт е дека акните почесто се појавуваат во тинејџерскиот период, но далеку од вистината е дека тие не можат да се појават во подоцнежна возраст. Се проценува дека меѓу 14 и 54 проценти од жените имаат проблеми со акни во зрелоста. Меѓу нив, во дури 80 проценти од случаите станува збор за хроничен проблем, додека во останатиот процент е повремена појава.

Акните го погодуваат само лицето
Лицето можеби е местото каде што најчесто се појавуваат, но сите кои се бореле со нив знаат колку може да бидат непријатни акните на грбот, задникот, па дури и на торзото. Кај возрасните жени, појавата на акни на грбот во споредба со лицето се јавува во 50 проценти од случаите.

Акните се хормонски проблем
Ова е делумно точно, освен што проблемот е во кожата, а не во крвта. Акните се појавуваат кога се нарушува нивото на андрогени хормони кои циркулираат низ крвотокот. Андрогените рецептори се наоѓаат во клетките на кожата и лојните жлезди, па зголеменото лачење на себум (природна маст на кожата) предизвикува затнати пори и појава на акни. Предменструалните акни се јавуваат кај приближно 70 проценти од жените, а повеќето од нив всушност немаат никакви хормонални абнормалности.

Чоколадо
Сигурно некоја пријателка ви се пожалила дека лицето и се „запалило“ откако изела половина од чоколадото. Сепак, важно е да знаете дека сè уште се спроведуваат истражувања за тоа колку одредени видови храна се штетни за кожата. Според некои истражувања, чоколадото нема никакво влијание врз појавата на акни. Од друга страна, дерматолозите им препорачуваат на луѓето кои имаат проблеми со кожата да го намалат внесот на млечни производи.

Сонцето помага да се ослободите од нив
Вистина е дека изложувањето на сонце има антиинфламаторно дејство, а исончаната кожа ги камуфлира несовршеностите на кожата.Сепак, изложувањето на сонце може да доведе и до зголемување на дебелината на епидермисот, што ќе ја влоши состојбата на кожата .

Акните се резултат на лошата хигиена и нега
Исто така делумно точно. Од една страна, користењето помрсни производи на кожа склона кон акни може да го влоши проблемот, но едноставната несоодветна рутина за нега на кожата речиси никогаш не е единствената причина за проблемот.

Шминката влијае на појавата на акни
Погрешно. Шминката и те како им помага на луѓето кои се борат со акните да си ја вратат самодовербата. Да бидеме искрени, точно е дека одредени препарати можат да ја влошат состојбата на кожата. Сепак, во продажба може да се најдат специјализирани производи, така што девојките склони кон акни сепак можат да користат шминка и на тој начин да ја поправат својата убавина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *