Никогаш видена слика од Цеца Ражнатовиќ со РОДИТЕЛИТЕ: Вака изгледале, а ретко кој би ја препознал неа (ФОТО)

22 мај, 20220
Ceca-5

Тие ретко се експонираат во јавноста

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ со години успешно ја гради својата кариера, а најголема поддршка, покрај децата и сестрата Лидија, и се родителите Мира и Слободан Величковиќ.

Тие не се појавуваат често во јавноста и не се дел од естрадата, но со ќерката се во сите важни ситуации од животот.

Меѓутоа, Цеца сега реши да сподели стара фотографија со семејството на Инстаграм, а ја искористи и на сите да им ја честита славата на летниот Свети Никола.

Таа покажа како изгледале нејзината мајка Мира и таткото Слободан Величковиќ во младоста, а на почетокот тешко може да се препознае која е Цеца, а која Лидија, бидејќи во тоа време и двете биле бринети и многу личеле една на друга.

Иако не се експонираат во медиумите, познато е дека Мира била селска учителка, а Слободан машинобравар и трговец.

– Велат, штом се родив и првпат заплакав, татко ми рекол: „Леле, се роди пејачка!“. Кога проговорив, сум ги викала родителите по име, а на мајка ми и сум и се обраќала на Мицо – рекла еднаш Цеца, пренесува „Блиц“.

Како што истакна, нејзините родители биле многу строги и кон неа и со нејзината 17 месеци помлада сестра Лидија.

– Ние сме многу строго воспитани. Точно се знаеше што е за девојчињата, а што за момчињата. Се сеќавам, лето, долг ден, а ние веќе задевојчени, се излегува дури во десет навечер, иако се завршува на полноќ, а мајка ми ни вели на мене и сестра ми: „Можете да излезете во девет, а кога ќе помислам дека сте таму, веќе да сте тука. Ако не ви се допаѓа, мене ми е уште подобро, останете дома“ – истакнала еднаш пејачката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber