Никогаш не треба да сушите алишта во оваа просторија: Изберете „помала грешка“

21 ноември, 20220
c0d85007ac9328bb2d6703e00f2bd495867de99b

Сонцето во последно време недостига, па се потешко е да се сушат алиштата

Со доаѓањето на студеното и дождливото време, се почесто на дневна основа го поставуваме прашањето каде да се сушат алиштата. Иако постојат јасни причини зошто сушењето алишта внатре е лоша опција, многумина сè уште немаат друг избор.

Експертите предупредуваат дека треба да имаме на ум дека има една просторија во која никогаш не треба да сушиме алишта.

– Ако го направите тоа, мувлата и влагата слободно ќе владеат. Избегнувајте сушење алишта во затворени простории лпчли што е можно, но никогаш не сушете ги во спалната соба – рекол експертот, пренесува „The Sun“.

Мокрите алишта може да ја зголемат влажноста, да го зголемат ризикот од тешкотии со дишењето и да го загрозат имунолошкиот систем.

– Мокрите алишта ја зголемуваат влажноста на воздухот за 30 проценти, зголемувајќи го ризикот од потешкотии со дишењето за време на спиењето и компромитирање на имунолошкиот систем. Спалната соба е една од собите во кои поминувате најмногу време. Со оглед на фактот дека мокрите алишта го поттикнуваат растот на мувлата, влагата и потенцијалните здравствени проблеми, подобро би било да ги држите подалеку од просторијата во која поминувате многу време.

Грините исто така добиваат соодветно место за развој. Мокрите алишта создаваат влажна средина во која тие можат да напредуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi