Никој не знае каде исчезна: Пејачката Данијела Враниќ го променила името, а поради Лукас станала алкохоличар

9 август, 20220
689739_danijela-vranic-povrede-saobracajna-nesreca_ls

Данијела Враниќ, поранешната „кралица на сплавовите“, која важеше за една од најпопуларните пејачки, се повлече пред точно десет години од естрадата, кога беше на врвот на својата популарност.

Иако медиумите неколку пати се обидуваа да дојдат до неа, таа мистериозно исчезна по завршувањето на нејзината музичка кариера, а оттогаш ништо не се знае за неа. Своевремено се пишуваше дека купила стан во Белград, па од главниот град се преселила во Ваљево да живее со родителите, а според последните информации кои се појавија во јавноста, таа моментално живее во Коцељево, кај Шабац.

Во Коцељево, сепак тврдат поинаку:

– „Овде не живеат ниту Данијела, ниту нејзиното семејство. Порано живееа таму, но тој стан го продадоа. Таа не била тука со години, но сите ја сакаа многу. Колку што знам, сега живее во околината на Ваљево, каде купила куќа и плац и се занимава со земјоделство. Сè уште не сака да биде во медиумите, па куќата ја купила под друго име, а сега дали го сменила идентитетот или некој друг го продал имотот во нејзино име, не сум сигурна. Во Ваљево се нејзините родители и сестра ѝ, на кои таа им забранила да објавуваат нејзини слики, па ја нема ни на социјалните мрежи. Малку ја дотера линијата, но заврши со естрадата за сите времиња“ – ни изјави пријателката на Данијела и додаде дека пејачката тешко ја раскинала врската со Аца Лукас, па му се препуштила на алкохолот.

– „Лукас беше нејзината најголема љубов, многу го сакаше. Тешко се снајде кога тој започна врска со Соња. Потоа почна да пие, а и многу се здебели. Тоа навистина ја погоди. Мислам дека таа никогаш не го преболе. Потоа мразеше се, па дојде скандал со полицијата. Сето тоа влијаеше да се распадне и да се повлече од јавноста“ – додаде пријателката.

А, сосед од зградата во која живееше семејството Враниќ ни потврди дека со години не доаѓале во Коцељево, но ни откри и настан каков што дотогаш не бил виден на овие простори.

– Кога се омажи сестра ѝ, Данијела дојде да ја земе од Коцељево во придружба на нејзиниот иден зет, ни помалку ни повеќе – со хеликоптер. Ова никогаш не е видено во нашиот регион. Се беше како на филм, се зборуваше за тоа со години. Потоа таа блесна и го запали шоуто, навистина бевме горди на неа“ – заврши соседот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *