НЀ ОЧЕКУВА НЕБЕСЕН СПЕКТАКЛ! Месечината ќе добие СТРАШНА БОЈА, а потоа речиси ќе исчезне!

12 мај, 20220
Screenshot_4

Викендов имаме вистински небесен спектакл. Во недела на ноќното небо ќе биде видливо затемнување на Месечината. Затемнување се случува кога Земјата е помеѓу полната Месечина и Сонцето.

 

 

За време на затемнувањето, Месечината ќе добие само сончева светлина која поминува низ атмосферата на Земјата и ќе ја промени бојата, од сива преку розова во портокалова и црвена. Земјината сенка ја покрива Месечината, која често е црвена, па оттука и името „Крвава Месечина“.

 

Затемнувањето ќе започне во недела во 22:27 часот по американско време. Месечината целосно ќе биде во Земјината сенка во 23:29 часот, а таму ќе остане до понеделник до 00:53 часот. Нема да биде потребен никаков додаток за гледање на овој спектакл, за разлика од гледањето на затемнување на Сонцето. Ако имате двоглед или телескоп, глетката ќе биде уште поубава.

 

Првото од двете затемнувања

Затемнувањето ќе биде видливо од делови на Америка, Европа, Африка и Источниот Пацифик. Ова ќе биде прво од двете затемнувања на Месечината оваа година.

 

Следното затемнување ќе биде на 8 ноември.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *