Обожаваше корги и…Дали знаете која намирница драстично е поскапена од смртта на кралицата Елизабет II?

16 октомври, 20220

Кралицата Елизабета Втора почина на 96-годишна возраст во замокот Балморал во Шкотска. Имала некои навики од кои никогаш не се откажала, а една од нив бил појадокот да го јаде познатиот сендвич кој е направен од само три состојки.

Друга работа што кралицата ја обожаваше беа кучињата Корги.

Цените на мармаладите и коргите се зголемија во септември по смртта на кралицата Елизабета Втора, која за време на нејзиниот живот поседуваше повеќе од 30 корги и јавно изјави дека сака конзервирано овошје.

Побарувачката за мармалад, кој обично се прави од цитруси, како што се портокали, лимони или лимети, се зголеми за речиси 20 отсто по смртта на монархот на 8 септември.

Kraljica Elizabeta II

Неколку месеци пред нејзината смрт, кралицата го прослави платинестиот јубилеј, одбележувајќи 70 години од владеењето. Потоа снимила посебен краток филм со Падингтон.

Во видеото, таа накратко разговараше со познатата мечка на шолја чај во Бакингемската палата. На снимката се гледа како кралицата го извлекува својот омилен сендвич со мармалад кој секогаш го носи во чантата во случај на итност, исто како што Падингтон носи еден во неговата капа.

Кралицата Елизабета често јадела мармалад направен од портокали од шпанскиот град Севиља.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi