Ова би можело да биде причината зошто постојано сте уморни без оглед на тоа колку спиете

23 јуни, 20220
zevanje-posao-pospanost-umor-830x0 (1)

Постојаниот замор, без разлика колку спиете, може да биде еден од главните знаци за недостаток на витамин Б12 во организмот, пренесува Mirror.

Овој витамин е многу важна хранлива материја која телото ја користи за обработка на ДНК и производство на енергија. Извори на витамин Б12 се речиси исклучиво храна од животинско потекло. Во човечкото тело, тој се депонира во црниот дроб. Витаминот Б12 заедно со фолната киселина е еден од антианемичните витамини. Двата витамини имаат заштитна улога во организмот бидејќи ја спречуваат појавата на некои видови анемија.

Витаминот Б12 како и другите Б витамини игра важна улога во претворањето на мастите, јаглехидратите и протеините во енергија. Тој е клучен за производство на генетски материјал РНК и ДНК, како и миелинот, кој создава заштитна обвивка околу нервите.

Падот на овој витамин се должи на неговото намалено внесување во организмот, лошата апсорпција, одредени здравствени состојби или поради земање одредени лекови.

Со возраста, нашето тело апсорбира се помалку витамин Б12 од храната, така што недостатокот на овој витамин е чест кај постарите луѓе.

Истражувачите исто така откриле дека веганите кои следат строги правила на исхрана и избегнуваат храна од животинско потекло, како и млеко и јајца, имаат 92 отсто зголемен ризик од недостаток на витамин Б12 во телото.

Секој од нас во одреден момент од животот се чувствува уморен и исцрпен.

За многумина, здравата исхрана со повремено вежбање ќе помогне да се подигне енергијата. Сепак, постојаниот замор и слабост, дури и по одмор и сон, може да биде знак дека вашето тело има недостаток на витамин Б12.

Некои типови на анемија се манифестираат и како исцрпеност и слабост, така што анемијата може да оди рака под рака со недостаток на витамин Б12.

Храна богата со овој витамин се: мисирка, говедско месо, сардина, лосос, јајца.

Ако чувствувате постојан замор, можеби е најдобро да ја проверите вашата крвна слика и да се консултирате со лекар за да утврдите дали причината е недостаток на витамин Б12.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi