„Од стрес изгубив две БЕБИЊА“: Карлеуша минувала низ животна ДРАМА, а утеха нашла во нив

3 јули, 20220
Karleusa-Jelena

Пејачката еднаш зборуваше за нејзината голема болка

Јелена Карлеуша важи за борбена и непоколеблива жена која се носи со сите животни неволји, но пред неколку години и се случиле ситуации кои никогаш нема да може да ги заборави.

Имено, пејачката еднаш доживела вистинска драма кога се зборуваше дека малку луѓе дошле на нејзиниот концерт на Ушче, и дека се било празно. И покрај ова, нападите и тагата на Јелена Карлеуша не престанаа. Се што се случило се одразило на нејзиното здравје, а што точно е тоа, претходно изјавила за „Стори“.

– За две години изгубив две бебиња поради стрес. Сета таа количина на безумна омраза и зло, завист и злоба, погоди онаму каде што бев најслаба. Мене Србија ми уби две невини суштества и тоа никогаш нема да и го простам. Кој нормален би простил? Пред неколку недели ја имав, се надевам, последната операција, за која нема потреба да се зборува. Сега сум добро. Иако секогаш изгледам добро на сликите и видеата, нели? Тоа е затоа што јас сум прво и основно професионалец, и второ, многу сум горда како личност. Пеам и танцувам кога ме боли, кога сум болна и кога не можам – морам. Заради вас, затоа што ве сакам и го почитувам тоа што поради мене доаѓате на моите настапи и плаќате билет – изјави пред неколку години Карлеуша, која ни тагата за мајка си не ја заобиколи.

Дивна Карлеуша по долго и тешко боледување почина во март 2019 година, што беше голем удар за пејачката. Таа потоа утеха најде во сопругот, фудбалерот Душко Тошиќ и ќерките Атина и Ника.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *