Оптичка илузија која ги воодушеви социјалните мрежи: Можете ли да откриете кој носи штикли?

29 септември, 20220
opticka-iluzija-830x0

Мислите дека знаете кој носи штикли на оваа оптичка илузија? Размислете повторно…

Збунувачка оптичка илузија ги полуде корисниците на социјалните мрежи кои се обидуваат да откријат кој носи штикли на оваа фотографија, пишува „The Sun“.

На фотографијата едно лице го гушка другото што седи на столот на биро пред компјутерот.

На прв поглед изгледа дека мажот е облечен во женска облека и има црни високи потпетици на нозете.

Но, ако погледнете малку подобро, ќе сфатите дека жената всушност носи бели панталони и потпетици.

– Ми требаше долго време да сфатам што се случува на оваа слика. Отпрвин бев сигурен дека мажот носи сина блуза и бели панталони, но всушност тоа е тело на девојка – напишал еден корисник.

– Мажот седи, а девојката му е на рамо – објасни друг корисник на „ТикТок“.

– Погледнете ја косата на девојката, се надевам дека ќе ви помогне – советуваше.

Што беше првото нешто што го видовте и дали ја видовте вистинската фотографија на која девојката го гушка мажот што седи на компјутер?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *