ОСЛОБОДЕТЕ СЕ ОД ГЛАВОБОЛКИТЕ БЕЗ ЛЕКОВИ: Направете супер напиток од 3 состојки кој ја ублажува мигрената

24 ноември, 20220
Recept-za-napitak-protiv-glavobolje-od-3-sastojka_1139174324

Ако ве боли глава, можете да ги искористите лековитите дарови на природата. Најчесто кога имаме главоболка, посегнуваме по лекови, сакаме тоа чувство на болка и непријатност да помине што е можно поскоро за да можеме да функционираме. Сите кои се соочуваат со мигрена или повремена главоболка знаат колку тоа чувство може да биде непријатно, па затоа ви предлагаме да пробате едноставен, здрав и целосно природен напиток.

Станува збор за чај кој вклучува мешавина од 3 билки кои помагаат при болка, опуштаат и делуваат релаксирачки. Овој чај можете да го пиете превентивно, но и кога ве боли глава. Лесно се прави, важно е да користите суви билки, а покрај убавиот вкус, мирисот на овој чај е опоен и ќе ви помогне да се опуштите, но и полесно да заспиете доколку имате проблем со несоница поради главоболка.

Состојки:

2 лажички жалфија
1 лажичка кантарион
1 лажичка лаванда
1 лажичка камилица (по желба)

Подготовка:

Измешајте ги првите три наведени билки, а по желба можете да додадете и камилица ако ви се допаѓа вкусот, а може да придонесе и за мирисот на напитокот. Земете една лажица од смесата и истурете ја во чаша, а потоа прелијте ја со врела вода. Оставете да отстои околу 30 до 60 секунди, а потоа процедете го чајот и пијте. Ако имате главоболка, можете да пиете 1/4 чаша на секои половина час додека главоболката не се смири. Напитокот можете да го пиете топол или ладен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi