ОТКРИЕНА НАЈДОБРО ЧУВАНАТА ТАЈНА НА СИМПСОНОВИ! Еве зошто ликовите во оваа серија се ЖОЛТИ – НЕОБИЧНА причина

7 ноември, 20220
simpsonovi

Еден од продуцентите на серијата „Симпсонови“ даде одговори на некои од најголемите мистерии – зошто семејството е жолто и зошто живее баш во Спрингфилд.

 

 

 

Мајк Рис работел на култната серија уште од почетокот на нејзиното емитување во 1989 година, а ја објави книгата „Спрингфилд доверливо: шегите, тајните и чистите лаги од пишувањето сценарио за Симпсонови“, која дава одговори на некои од најчестите прашања на фановите.

 

Зошто се жолти?

 

Рис вели дека препознатливата жолта боја на ликовите дошла сосема спонтано. Бојата на оригиналните ликови била дадена од аниматорите, а Мет Грејнинг, самиот креатор на шоуто, сметал дека оваа боја е совршена поради бизарните фризури што  ги имаат децата во серијата.

 

– Барт, Лиса и Меги воопшто немаат коса, односно нема линија што ја издвојува нивната кожа од косата. Затоа аниматорите избрале жолта боја што е и како кожа и како коса – пишува Мајк Рис.

 

Зошто живеат во Спрингфилд?

 

Рис во книгата вели дека името на градот е позајмено од ситком-серијата „Таткото знае најдобро“ од 50-тите години на минатиот век, а Грејнинг го избрал поради генеричноста. Тој открил и занимливости за непостојната локација на градот.

 

– Спрингфилд има океан на источната и на западната страна. Еднаш рековме дека источниот Спрингфилд е трипати поголем од Тексас, а во една епизода Хомер едно утро со лопата го чисти снегот, а напладне лежи во лежалка и пие лимонада на сонце. Тоа го поставува прашањето: На која планета се наоѓа Спрингфилд? – додава тој.

 

Зошто името на серијата се појавува од облаци на шпицата?

 

Фановите на серијата се навикнати на шпицата, но може да се изненадат зошто е така. Рис објаснува дека кога првпат била прикажана серијата, гледачите го виделе само првиот дел од зборот – „The Simps“, пред да биде откриен останатиот дел.

 

– Прво го гледате првиот дел од зборот, „The Simps“, пред да се покаже останатиот. Што значи тоа? Симпс е скратено за симплтонс, односно глупави луѓе како оние што ќе ги видите во серијата – пишува тој.

 

Како ги добиле имињата?

 

Хомер и Марџ ги добиле имињата по вистински луѓе – креаторот Мет Грејнинг ги искористил имињата на своите родители како инспирација за фиктивниот пар. Лиса и Меги ги добиле имињата по неговите сестри, а Барт бил негов изум – од анаграмот на зборот „brat“ (детиште).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi