Откриен третман против резистентниот рак на кожа: Кај 2 од 8 пациенти, метастазите исчезнале

24 ноември, 20220
shutterstock530971462-1-830x0

Кај двајца од осум пациенти, сите метастази исчезнале.

Универзитетската болница UZ Брисел тестирала нов експериментален третман против резистентни меланоми, охрабрувајќи ги пациентите кај кои стандардниот третман не успеал.

– Добивме многу охрабрувачки резултати. Овие пациенти беа осудени бидејќи стандардните третмани не успеваа. Фактот дека некои од нив сега се излечени е многу важен знак – вели професорот Барт Неинс, а пренесува „Танјуг“.

Клиничкото испитување се фокусирало на пациенти со меланом со метастази на кожата и лимфните јазли.

Кај двајца од осум пациенти, сите метастази исчезнале. Кај друг пациент, клетките на туморот исчезнале од инјектираната лезија, а дијаметарот на преостанатите метастази се намалил за повеќе од половина, по само 12 неделен третман.

Третманот вклучува инјектирање на дендритски клетки во туморот, кои му помагаат на имунолошкиот систем да ги нападне и да ги направи клетките на ракот безопасни, заедно со дополнително синтетичко средство за зајакнување на имунитетот.

Резултатите биле охрабрувачки и клиничкото испитување ќе продолжи следната година, соопшти Универзитетската болница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber