ОФИЦИЈАЛНО: Јелена Карлеуша објави дека се разведува од Душко Тошиќ

5 јули, 20220
Karelusa

„Јас и Душко се договоривме пријателски да го прекинеме нашиот брак“

Поп иконата Јелена Карлеуша со официјално соопштение откри дека по 14 години брак се разведува од фудбалерот Душко Тошиќ.

Таа се огласи на Инстаграм и ги откри причините кои довеле до нивниот развод.

– Јас и Душко се договоривме да го прекинеме нашиот брак по 14 години. За жал, Душко повеќе не се гледа себеси како дел од нашето семејство. Техничките правни работи ќе се решаваат со договор во наредниот период. Во овој тежок период за нашето семејство и децата, нема да молам за разбирање од медиумите бидејќи е залудно. Не очекувам човечност или разбирање од јавноста, само линчување и ‘‘плакнење“ на устата со нашиот живот, на што сум навикната… па НАВАЛЕТЕ. Сум преживеала се, па ќе го преживеам и ова. Животот продолжува. За да се спречат неточни натписи, целиот брачен имот е препишан на нашите деца, старателството над нашите деца ми припаѓа мене. Секоја напишана лага ќе резултира со тужба како и досега. Повеќе нема да се огласувам на овој начин. – напиша Јелена на инстаграм.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *