Погледнете го новиот трејлер за филмот „Avatar: Path of Water“

22 ноември, 20220
avatar-put-vode-830x0

Новиот филм е инспириран од фасцинацијата на режисерот со океаните

Премиерата на долгоочекуваниот научно-фантастичен филм „Аватар: Патот на водата“, на етаблираниот режисер Џејмс Камерон, ќе се одржи на 14-ти декември во кината.

Поминаа 13 години откако Џејмс Камерон ја „вовлече“ светската публика, импресионирана од тогашната најнова 3D технологија, во внатрешноста на светот на далечната планета Пандора, сега нè лансира повторно во орбитата и кон посакуваната премиера на научнофантастичното остварување.

По трпеливото чекање на продолжението на насловот на Камерон, оригиналната публика порасна и созреа во последната деценија, а во меѓувреме се појавија и некои нови помлади фанови.

Во склад со тоа, според идејата на креаторите на филмот, ги евалуирале и самите ликови од претстојниот наслов, повторно предводени од актерите Сем Вортингтон и Зои Салдана.

„Аватар: Патот на водата“ го прикажува семејството Сали, кое ги вклучува Џејк и Нејтири и нивните деца, ги следи неволјите со кои се соочуваат и патиштата по кои се движат за да се заштитат еден со друг, се навраќа на битките што ги водат со надеж дека ќе преживеат и трагедиите што ги снашле.

Камерон во едно од интервјуата истакна дека филмот навлегува подлабоко во динамиката на родителските односи меѓу Џејк и Неитири и нивните наследници, бидејќи необичната двојка од првиот дел на филмот „Аватар“ сега формирала семејство и станале родители на неколку деца, посвоени и биолошки.

Идејата била, како што беше наведено, новото научно-фантастично остварување да ја претстави неодоливата, добро позната приказна, овојпат базирана на емоции.

“Би рекол дека во новиот филм има повеќе акцент на ликовите, повеќе на приказната, на врските и повеќе на емоциите. Не посветивме толку време на врските и емоциите во првиот дел како сега. Филмот трае подолго бидејќи има повеќе ликови на кои се посветивме“, истакна Камерон.

Новиот филм е инспириран од фасцинацијата на режисерот со океаните, а како што кажува и самиот наслов, „Аватар: Патот на водата“ најмногу се снимало под вода, за што биле користени голем број камери, со специфична, напредна технологија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *