Подобри и од одние од пекара: Рецепт за кроасани со крем

19 септември, 20220
Screenshot_11

Вистинско уживање

 

Состојки

За тестото:

  • 1 кг брашно
  • 1 лажица сол
  • 1 лажица шеќер
  • 1 чаша млеко
  • 1 чаша кисела вода
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1 кесичка сув квасец (или коцка)
  • 250 гр маргарин (за премачкување на тестото)

 

Подготовка

 

Во сад истурете брашно, сол, шеќер, прашок за пециво, кисела вода, млеко. Квасецот се става во помал сад со малку млеко во друг сад, се остава да стаса. Кога ќе нарасне, додадете го во брашното и замесете тесто. Оставете го да отстои 1 час, па ставете го на маса и поделете го на 8 дела и направете топчиња, секое топче развлечете го и премачкајте го со маргарин на собна температура. Ставете гоги корите една врз друга, не премачкајте ја последната.

 

Оставете да отстои 10 минути и потоа расукајте во круг и исечете на ленти и филувајте по желба. Оставете ги повторно да нараснат и печете на 200 C околу 15 минути. Кога ќе бидат готови, посипете со шеќер во прав. Пријатно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *