Познатиот музичар ги сподели убавите вести: Го победил ракот во четвртиот стадиум

22 септември, 20220
mark-hopus-830x0

Музичарот Марк Хопус, басист и пејач на бендот Blink-182, се огласи на социјалните мрежи и сподели прекрасна вест за своето здравје со своите следбеници.

– Денеска сум многу благодарен. CT скенот е чист и немам рак. Благодарен сум за секој ден и затоа што сум тука. Ве сакам сите – рече тој со фотографија на која му вадат крв.

Да потсетиме, пејачот во јуни минатата година откри дека е излечен од рак, кој бил во четврта фаза.

– Само што го видов мојот онколог и немам рак! Му благодарам на Бога и на вселената, на пријателите, на семејството и на сите кои ми испратија поддршка, добрина и љубов – напиша тогаш музичарот.

– Морам да одам на прегледи на секои шест месеци и ќе ми треба до крајот на годината за да се вратам во нормала, но денес е неверојатен ден и се чувствувам благословен – додаде тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *