Полната месечина на 12-ти Август ќе има огромно влијание врз ТРИ хороскопски знаци – Подгответе се за турбулентен период!

11 август, 20220
162971_shutterstock-1008886642_ls

На 12 август 2022 година ни доаѓа полна месечина во знакот Водолија. Според хороскопот, полната месечина ќе има силна енергија и големо влијание врз нас. Ова е идеално време да се ослободиме од минатото и да оставиме зад себе се што не ни служи.

Бик – Ве очекуваат промени на полето на кариерата и на полето на вашиот духовен раст. Бидејќи стабилноста и предвидливоста ви значат многу, неочекуваните настани на почетокот можат да ве исфрлат од колосек, но подоцна ќе сфатите дека се се случило за ваше највисоко добро. Важно е да останете смирени и внимателни, дури и кога чувствувате силен наплив на емоции. Сега е време за нова трансформација и малку поинакво сфаќање на животот.

Лав – Супер полната месечина ви носи турбуленции во односите со саканите, како и во општата благосостојба и здравје. Може да има недоразбирања, можеби дури и тепачки, кои ќе ве вознемират и вас и другите. Вашиот прв инстинкт ќе биде да се грижите за другата личност и да ја уверите во вашата љубов, но во исто време не заборавајте да се слушате себеси и да се грижите за сопствените потреби. Бидете малку повнимателни и не правете ги работите премногу набрзина.

Скорпија – Ќе почувствувате расцеп помеѓу вашата нежна, емотивна страна и рационалниот дел од вашата личност. Дозволете си да бидете ранливи и да ги покажете вашите слабости, но можеби е време повторно да ги воспоставите вашите граници со блиските. Останете верни на себе и на другите и следете ги вашите цели и соништа. Сега е време да ја промените комуникацијата со околината. Ве очекуваат предизвици во односот со другите, но се зависи од вашата реакција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *